КАПАДОКИЈА – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Кападокија - Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија. Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa...
1 ден (07 Дек) Скопје – Кападокија
Полетување од Скопје за Истанбул во 08.35 ч со лет ТК1004. Слетување во Истанбул во 12.15 ч. Патувањето продолжува со лет ТК2014 во 14.15 ч, слетување во Кајсери во 15.45 ч.
Организиран превоз до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно попладне .Факултативно организирана вечера во национален ресторан со музика. Ноќевање.
2 ден (08 Дек) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Северна тура или класична ) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз, ручек, влезници и водич , (09.00 ч -17.00 ч). Разглед на : Devrent Valley , Pasabagi (Monk’s Valley), Avanos (Pottery center), Goreme Zelve Air Museum, Uchisar Castle. Уживање во погледот на камените формации и несекојдневните пејзажи во долината Дервент и вилинските оџаци кај Зелве.Таму се најубавите остатоци од Византиската уметност, цркви исклесани во камен и фрески кои датираат од 10-13 век. Од највисоката карпа во Гореме, Учисар ќе уживате во преубава панорама која се протега пред нас. Ручек во Аванос , град на грнчарската уметност. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ден (09 Дек) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Зелена тура и посета на подземен град ) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер, ручек, водич и влезници (09.00 ч- 17.00 ч). Разглед на : Kaymakli Underground City, Ihlara Valley, Belisirma, Selime. Посета на најпознатиот подземен град Кајмакли и кањонот Ихлара.Посета на селото Белисирма , односно древната Перистреме каде што тече реката Мелендиз. Посета на Селима, позната по куќите кои се исклесани во камен и кои се наоѓаат на ивиците од самиот кањон, пејзаж сличен како од Војната на ѕвездите. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во традиционален ресторан со музика. Ноќевање.
4 ден (10 Дек) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран рано наутро лет со балон. Поаѓање околу 04 ч од хотел. Волшебно, незаборавно доживување. Во 12 .00 ч организиран превоз за Аеродром во Кајсери. Полетување со ТК 2015 во 16.30 ч, слетување во Истанбул во 18.10 ч. Патувањето продолжува со ТК1005 во 20.15 ч од Истанбул, слетување во Скопје во 19.45 ч по локално време.
Цени за факултативни екскурзии:
Важна напомена:
Во цената се вклучени следниве услуги:
Во цената не се вклучени следниве услуги: